• Иван Димовски
Македонскиот суперлигаш ЖРК Куманово потврди големо засилување за следната сезона.
Во редовите на кумановчанки се враќа Александра Боризовска по интернационалните предизвици. Се очекува таа да биде огромно засилување за тимот на ЖРК Куманово, во обидот да се врати на тронот во мак-ракометот.
Боризовска настапуваше во дресот на овој клуб до пред три сезони, а потоа замина за интернационален предизвик во Умаг, Хрватска. Последен клуб на ракометарката ѝ беше ПАОК во Грција, а сега пак ќе тресе мрежи за Куманово.