Александар Стојаноски верен на Струга, потпиша четиригодишен договор

Голманот Александар Стојаноски, кој беше еден од најзаслужните за пласманот на Струга најпрво во баражот, а потоа и во Суперлигата, го продолжи договорот и треба да остане во овој тим следните четири сезони. 

Стојаноски потекнува од Младост Богданци, а беше член на некогашната Макс Струмица, со која играше во СЕХА лигата и во ЕХФ Купот. Покрај овие екипи, тој го бранеше голот и на велешки Борец, Тиквеш од Кавадарци и Охрид.

Струга со победата над Металург Јуниор во Скопје обезбеди пласман во баражот, а потоа полесно од сите очекувања го победи и Металург 2, по што се врати во најквалитетната конкуренција по долго време.