• Мартин Танасковски
Данскиот ракометен шампион Алборг подготвува „дрим-тим“. По Микел Хансен, следи уште еден транфер во најава, тоа е на ракометарот на Барселона, Арон Палмарсон.
30-годишниот лев бек од Исланд моментално е член на каталонскиот гигант, но по крајот на сезоната останува без договор. Ситуацијата ќе ја искористи Алборг, кој ќе го грабне и ќе го донесе како слободен играч.
Засега, нема ниту потврда ниту демант околу овој трансфер од Данска. Но, медиумите се повеќе пишуваат дека работата е завршена и дека бековската линија на Алборг од следната година (2022) ќе изгледа многу моќно.
Палмарсон е дел од екипата на Барселона од 2017, а пристигна од редовите на Веспрем. Исландскиот бек во кариерата има настапувано и за Кил, во периодот од 2009 до 2015 година, како и на почетоците во Хафнафјердур.