Алборг потпиша со талентираното крило Тобијас Нилсен

Данскиот шампион Алборг, се засили со нов ракометар. Станува збор за ракометарот Тобијас Нилсен. Десното крило потпиша договор до 2029 година со тимот на Алборг, но веројатно ќе мине една сезона на позајмица во Хој Елите, а потоа ќе се врати во најсилниот дански клуб.

Нилсен е дел од Рингштед, во моментов деветтопласираната екипа во во данскиот шампионат.

Алборг е лидер во данскиот шампионат и се пласира во елиминационата фаза на Лигата на шампионите.