Алборг нема да застане со Хансен, уште неколку ѕвезди на пат кон данскиот првак

Трансферот на Микел Хансен во Алборг одекна далеку во ракометниот свет. Голгетерот на ПСЖ и еден од најдобрите ракометари на денешницата одлучи да се врати во Данска и да прифати еден нов предизвик во кариерата.

Меѓутоа клубот не планира да застане со неговиот договор. Управата веќе размислува како да состави гигант кој треба да биде конкурентно име во Европа во годините кои доаѓаат.

Данскиот репрезентативец Мадс Менсах Ларсен се очекува наскоро да му се придружи на Хансен во Алборг. Двете страни се договорија, останува само да се потпише и да се официјализира соработката.

Според медиумите во Данска, тамошниот шампион исто така е блиску до потпис со Норвежанецот Кристан Бјернсен. 32-годишникот моментално игра во Вецлар на Филип Миркуловски, но се очекува да ја промена играчката средина наредната сезона.

Алборг преговара и со шведскиот кружен напаѓач Јеспер Нилсен од Рајн Некар Левен.