• Саше Љолес
Ракометарите на Нант и Алборг одиграа тврд и неизвесен натпревар во шестото коло од Лигата на шампионите, а победата на крајот замина кај гостите од Данска, кои триумфираа со конечни 27-28.
Францускиот тим имаше предност од еден гол на паузата меѓу двете полувремиња (15-14), но никако не успеваше да се „одлепи“ и најмногу водеше со +2 во остатокот од мечот.
Данците беа во добар ритам и се одржуваа во егал (25-25) во периодот до 55. минута, а во финишот го презедоа и водството (26-28) во 59. минута. Нант погоди уште еднаш, но не успеа да се врати и да освои барем бод пред своите гледачи.
Јул-Ласен и Арнолдсен погодија по шестпати за победничкиот тим, а во противничкиот табор ист учинок забележа Јереги Одриозола.
Алборг сега има 10 бода и го изедначи салдото со водечкиот Фуксе Берлин, додека Нант останува со скор од три победи и три порази во групата А.









