• Зоран Мишевски
Се повеќе ракометни клубови од Лигата на шампионите се решаваат за рана тренерска смена. Нашиот првак Еурофарм Пелистер не е единствен кој се одлучи на така радикален потег во пресрет на ЕХФ-неделата. Европскиот вицешампион, дански Алборг, го смени тренерот по неубедливите први два месеци сезонава.
Германскиот стратег Мајк Махула не е повеќе тренер на првакот на Данска, откако клубот потврди дека соработката со него е спогодбено раскината. До ваква промена дојде поради резултатите на тимот и лошата атмосфера меѓу играчите.
Алборг во Лигата на шампиони е на четвртото место на табелата, со три победи, едно реми и три порази.
Помошникот Симон Дал ќе ја превзема улогата на главен тренер, а Хенрик Молград е именуван за помошник во стручниот тим.