Алборг го повлекува дресот во чест на славниот Микел Хансен

Легендарниот Микел Хансен официјално ќе ја заврши својата богата кариера после Олимписките игри во Париз, а неговиот клуб Алборг му укажа огромна чест и го повлекува од употреба дресот со бројот 24. 

Од клубот најавија дека свечената церемонија ќе се одржи на почетокот на септември, а овој број во иднина ќе можат да го носат само неговите синови, Еди Макс и Винс, ако еден ден заиграат за Алборг. 

Ова е вторпат во историјата данскиот клуб да повлече дрес во чест на свој ракометар, а претходно тоа го стори за славниот Норвежанец, Хавард Тведтен.