Алборг формира „дрим-тим“: Хансен, Палмарсон и Ландин за нов европски гигант

Хансен

Потписот на Микел Хансен беше само почеток на планот да се формира нов европски гигант. Екипата на Алборг посакува „дрим-тим“ од најдобрите играчи во Европа.

Мета на данскиот првак се скандинавски имиња. Покрај лидерот на актуелниот светски првак, налето се очекува да пристигне Арон Палмарсон од Барселона.

Претходно е ставен потпис со Кристијан Бјернсен од Вецлар, а потврдени се трансферите уште на Јакоб Холм и Сигвалди Гудјонсон.

Алборг преговара уште со двајца одлични кружни напаѓачи во Андреас Нилсон и Макс Дарџ. Од Флензбург се очекува да потпише Менсах Ларсен, а меѓу стативите ќе биде Никлас Ландин.

Во наредните две години треба да се формира овој тим кој се очекува да вледее со стариот континент во сезоните кои доаѓаат.