Алборг доби ново засилување, Нилсен потпиша тригодишен договор

Искусниот кружен напаѓач Јеспер Нилсен ќе го засили Алборг од почетокот на наредната сезона.

Шведскиот интернационалец стави потпис на тригодишен договор со амбициозниот дански шампион. 31-годишникот доаѓа од редовите на Рајн Некар Левен, каде игра во изминатите три години.

Нилсен има над сто настапи за шведската репрезентација, а претходно има искуство од натпревари во Фуксе Берлин и ПСЖ.

„Со нетрпение очекувам да дојдам во ракометниот Алборг. Тие многу години покажуваат дека станува збор за навистина возбудлив клуб кој продолжува да се развива во позитивна насока. Имавме неколку добри разговори и тоа е навистина интересен проект за кој сум возбуден што ќе бидам дел. Исто така, многу убави работи слушнав за големата поддршка на навивачите и со нетрпение очекувам да се покажам пред многубројните фанови на клубот“, изјави Швеѓанецот.

Алборг атакува кон европскиот врв со засилувањата како Хансен, Бјернсен и Нилсен...