Алборг без лек за Гидсел, Фуксе има чист поглед кон Келн

Екипата на Фуксе Берлин си ја заврши задачата и со убедлива победа над Алборг (37-29) во рамки на четвртфиналето во Лигата на шампионите, има чист поглед кон Ф4-турнирот во Келн, на кој пласманот треба да го потврди во реваншот.

Бундеслигашот одигра по планот и си ја заврши задачата со данскиот првак. До посакуваниот резултат се дојде со спектакуларно второ полувреме, откако на паузата гостинот Алборг имаше еден гол позитива (14-15). Импресионира податокот што Фуксе губеше со 7-13 во еден момент, а потоа имаше водство од 14 гола (30-16).

Најдобар играч на мечот беше најдобриот светски ракометар Матијас Гидсел со 12 постигнати гола, а поддршка му беше Фрајхофер со осум гола. Кај Алборг, Хангард даде седум, а Влах и Јенсен стрелаа по четири пати.

Реваншот меѓу Алборг и Фуксе Берлин се игра на 30 април.