Алборг активира нова трансфер-бомба за следната сезона

Германскиот ракометен репрезентативец Јури Кнор е претставен во Алборг како ново засилување кое ќе пристигне за време на летото 2025 година и со ова заврши сагата околу одличниот централен бек.

Кнор во своите најдобри години реши да го напушти Рајн Некар Левен и Бундеслигата и да потпише во земјата со која стигна до финалето на Олимписките игри во Париз. Проектот на Алборг, очигледно, перфектно поставен го привлече младиот 24-годишен Германец.

Проектот на Алборг беше и доволно амбициозен да ги задржи преостанатите двајца бекови од проектираните тројца - Томас Арнолдсен до 2028 година и десниот бек Мадс Хоексер, кој е под договор со двојниот финалист на ЕХФ Лигата на шампионите до 2027 година.