• Иван Димовски

Ракометарите на Вардар 1961 се радуваа на победа против Партизан (31-26), во рамките на второто коло на СЕХА лигата. По тешкото гостување во Прешов кај Татран, „црвено-црните“ дојдоа до победа во вториот меч. Пред скопската публика се промовираа засилувањата на Вардар, а едно од нив беше и Михаел Аларов кој играше во дефанзивата.
„Прекрасно е да се игра во ваква атмосфера и да се доживее ова. Благодарни сме на публиката, без нив не се може. Ќе играме подобро, ќе напредуваме и се надеваме дека повторно ќе освоиме двојна круна во Македонија“, изјави Аларов.
Следниот СЕХА-предизвик за вардарци е можеби клучниот натпревар во групната фаза, реваншот против Татран на десетти февруари.