• Саше Љолес
Македонската машка ракометна репрезентација претпладнево го одработи денешниот тренинг, во пресрет на вечерашниот прв пријателски натпревар против селекцијата на Бахреин во рамки на ,,Жолтиот куп" кој се одржува во Винтертур, Швајцарија.
Свое видување за очекувањата изнесе репрезентативецот Михаил Аларов, кој изјави дека атмосферата во тимот е одлична и сите ракометари со нетрпение ги очекуваат предизвиците што следат.
„Имаме одлична атмосфера во нашиот табор. Успеавме малку да се одмориме, утрово имавме активација и загревање, па мислам дека сме подготвени за настап.
Ќе се обидеме да пробаме некои нови тактички замисли, но сите ќе го дадеме нашиот максимум за позитивен резултат“, изјави Аларов.
Натпреварите ќе се одиграат во ,,АКСА Арената“ во Винтертур, а дуелот со Бахреин започнува во 20:30 часот.



