Ал-Ахли немаше сили, успешен старт за Веспрем на „Супер Глоуб“

Екипата на Веспрем на одличен начин го започна настапот на Светското клупско првенство „Супер Глоуб“, откако беше подобра од египетскиот Ал-Ахли со конечни 31-23 во натпреварот од групата Б. 

Унгарскиот гигант не дозволи никакво изненадување и ја покажа својата сила уште во првите триесет минути, кога направи голема предност од седум гола (10-17), а во вториот дел само рутински ја доработи задачата. 

Ал-Ахли немаше сила да внесе поголема резултатска неизвесност во мечот, па и покрај мотивираниот пристап, мораше на крајот да се помири со висок пораз. 

Следен противник на Веспрем ќе биде Фуксе Берлин, додека Ал-Ахли ќе ги одмери силите со екипата на Бурган од Кувајт.