Ако температурата во салата надмине 28 степени, мечот во Клуж нема да се одигра!

На техничкиот состанок пред натпреварот меѓу Романија и Македонија главна тема беше жештината и климатизација во салата „Хорие Демјан“ во Клуж. Делегатот со ултиматум им се обратил на Романците дека ако температурата во салата надмине 28 степени, натпреварот ќе биде прекинат.

Вчера нашите ракометари тренираа по пеколна горештина, а денес временските услови се нешто поповолни од вчера. Се очекува салата да биде исполнета, но не постои претерано голем интерес за натпреварот во Клуж.

Мала група на македонски фанови допатува во Романија да ги бодри нашите ракометари во обидот да го обезбедат шестиот Мундијал во својата историја.