ВИДЕО: Ако на Тодоров му треба плејмејкер... – Манасков има и кошаркарски талент

Дејан Манасков

Дејан Манасков и неколку негови соиграчи се вратија на тренинзите со Веспрем, иако унгарското првенство беше прекинато без да биде прогласен шампион.

Избраниците на Давид Дејвис одржаа тренинг сесии доброволно, без разлика на тоа што наскоро немаат закажано натпревари. Завршницата од сезоната е откажана и во Лигата на шампионите, а Веспрем ќе биде еден од тимовите кои ќе играат на Ф4 турнирот во Келн во декември.

Дека атмосферата е опуштена на тренинзите докажува последното видео на Твитер профилот на екипата. На него нашиот Манасков и Французинот Кентин Мае имаа директен дуел со кошаркарска топка.

Кој е подобриот кошаркар, може да погледнете на видеото кое следува: