Ако киксне на ЕП, познат е ривалот на Македонија во првиот бараж за СП

Европската ракометна федерација - ЕХФ ја одржа ждрепката за баражите за Светското првенство кое ќе се одигра во Германија во 2027 година. Македонија ќе игра бараж за настап на овој турнир, а од пласманот на следното Европско првенство ќе зависи дали еден или два. 

Доколку Македонија го избегне последното место во групата би го скокнала вториот бараж, меѓутоа ако заврши зад Данска, Португалија и Романија би имала две пречки до Мундијалот. Целта секако ќе биде добар резултат на Европското првенство, но при крах и лош резултат Македонија во вториот бараж би играла со Турција

  • Баражи за Светското првенство 2027:

Бараж 2
Босна и Херцеговина - Косово
Грција - Белгија
Германија/Шпанија/Србија/Австрија - Литванија
Данска/Португалија/Македонија/Романија - Турција
Норвешка/Франција/Чешка/Украина - Словачка
Словенија/Фарски Острови/Швајцарија/Црна Гора - Финска
Шведска/Холандија/Хрватска/Грузија - Израел
Унгарија/Полска/Исланд/Италија - Летонија

Вториот бараж филтер се игра во март 2026 година, а главниот бараж е на програмата во мај.