Ако ги исфрли Грците, во полуфиналето Охрид оди на Словенци или Романци

Ракометарите на Охрид го добија својот ривал на ждрепката за четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ, а тоа ќе биде Олимпијакос. Среќата посака нова македонско-грчка пресметка, откако лани меѓусебе играа Алкалоид и АЕК Атина за трофејот во ова натпреварување и имаше многу драма. 

<<< - ПОВРЗАНО - Охрид против грчки ривал во борба за полуфинале во ЕХФ Купот!

На извлекувањето во Виена, ЕХФ го одреди и патот до финалето. Така, ако Охрид го елиминира Олимпијакос, познато е со кој вкрстува во полуфиналната фаза. Таму „гладијаторите“ или Грците ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Целје и Бузау. 

Повторно во полуфиналето, слично како и во фазата на осумте најдобри Охрид би имал предност на домашен терен во реваншот.