Ајдовшчина го промовира Никола Цветаноски

Никола Цветаноски по крајот на сезоната го напушти Прилеп и замина на интернационален предизвик. 

Денес Македонецот беше промовиран во редовите на Ајдовшчина, клуб од словенечката лига. Цветаноски стави потпис на договор и ќе ги брани боите на овој клуб во иднина. 

За Цветаноски ова ќе биде прв интернационален предизвик, откако претходно настапуваше за Струга, Голден Арт, Вардар Јуниот и Прилеп.