Аитор Арињо сериозно се повреди и ќе го скокне Мундијалот

Шпанија ќе се бори за медал на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска без левото крило на Барселона, Аитор Арињо.

Талентираниот Арињо повторно го повреди левото колено на натпреварот на Барселона од Лигата на шампионите со Кил минатата недела, поради што исто така не учествуваше на Летните Олимписки Игри во Токио во 2021 година и ќе треба операција за целосно да заздрави. За Барселона тоа значи дека нема да го имаат во поголемиот дел од сезоната.

Ако добро се развива рекуперацијата тогаш Арињо ќе се врати на терените за шест месеци. 

Клубот од Каталонија нема да купува замена и ќе се потпре на 19-годишниот Марти Солер, кој и минатата сезона повремено беше дел од првиот тим.