Агинагалде заминува од Киелце, од следната сезона ќе игра за Бидасоа?

Легендарниот баскиски кружен напаѓач и поранешен соиграч на Кире Лазаров во Сиудад Реал и Атлетико Мадрид, Јулен Агинагалде, на истек од договорот ќе го напушти полскиот шампион Киелце.

Постои даден збор од ракометарот за враќање во Бидасоа Ирун, клуб кој е во налет и кој минатата сезона ја освои вицешампионската титула во АСОБАЛ лигата и летово доби вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите. 

36-годишниот Агинагалде долги години игра на големата сцена, а со шпанската репрезентација стана европски првак во Полска во 2016 година.

Со Агинагалде, Бидасоа би добила врвен кружен напаѓач и можност уште повеќе да се доближи до лидерот и шампион Барселона.