Агинагалде доби едногодишен договор, од 2020 Турно доаѓа во Киелце

Репрезентативецот на Шпанија, Јулен Агинагалде, ќе остане и во следните неколку сезони во Полска, откако доби нов договор од раководството на Киелце и настапува за „жолтите“ до јуни 2020 година.

36-годишниот Баскиец шеста сезона е во Полска, а претходно ја делеше соблекувалната со нашиот Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид. 

Од сезоната 2020/21 Душебаев ќе го имплементира новиот кружен напаѓач, Турно од Нант, кој веќе потпиша за полскиот шампион. Киелце пред неполн месев ги продолжи договорите со Алекс Душебаев и Матеуш Јахлевски.

Полскиот гигант Киелце беше европски првак пред три сезони, а годинава е фаворит од сенка за место на завршниот турнир во Келн. Во осминафиналето „жолтите“ идниот викенд гостуваат во Украина кај Мотор Запорожје на Жарко Пешевски.