Аеродром во фото-финиш до втор триумф во Суперлигата!

Екипата на РК Аеродром дојде до втората победа во Суперлигата по онаа над МРК Куманово. Новајлијата славеше на гости кај Скопје 2020 (33-36) поради подобра игра во последните десет минути од средбата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Скопје 2020 и Аеродром:

Скопје константно водеше на домашен терен, имаше плус еден до два гола, а мечот се сврти во корист на гостите кога од 26-24, екипата предводена од Дарко Петровски дојде на 26-26, а потоа од 27-27, се замина на 27-29.

Во еден момент беше и 30-33, во финишот одлични беа голманите и првиот стрелец Наум Костов кој натпреваарот во дресот на РК Аеродром го заврши со вкупно 12 постигнати гола. По него следеше Филип Пајкоски со пет гола. Кај Скопје, Марио Мишевски погоди 11 пати, а Леонид Киселовски имаше девет гола.

Во следното коло Аеродром на домашен терен игра со перфектниот Алкалоид, додека Скопје се соочува со гостување кај Струга.