• Мартин Танасковски
Екипата на АЕК од Атина ја оправда фаворитската улога и со висока победа над Извиѓач од Босна и Херцеговина (37-28) направи чекор напред кон финалето во Европскиот куп на ЕХФ.
Грците беа сигурни на домашен терен и разликата во класи на тимовите беше евидентна. Тешко е да се верува дека Извиѓач може да направи кам-бек на домашен терен од високата негатива, против големиот фаворит.
Најдобар стрелец кај АЕК беше Адама Кеита со седум гола, пред Панајоту и Сако со по шест гола, додека кај Извиѓач, Вукшиќ даде шест, а Бубало и Чешко погодија по четири пати.
Вториот финалист во ЕХФ Купот ќе биде подобриот од двомечот меѓу Алкалоид од Македонија и Рунар Сандефјорд од Норвешка.