АЕК по голема драма и пенал-серија го елиминира Партизан од ЕХФ Купот

АЕК од Атина е патникот во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Тимот од грчката престолнина го совлада белградски Партизан во четвртфиналето, а до победата дојде по голема драма и подобро изведување пенали. 

Партизан успеа да слави со пет гола разлика (24-19), исто колку што загуби на првиот меч, па на тој начин мечот отиде во продолжение и пенал-рулет, во кој поумешен беше грчкиот тим. 

Победникот беше решен во седмата серија, кога Израелецот Дан Тепер го одбрани ударот на капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ.

Следен предизвик за АЕК во Европскиот куп ќе биде тимот на Извиѓач. Нашиот Алкалоид ја сочинува втората полуфинална двојка и ќе излезе на мегдан со норвешкиот Рунар.