Адемар прв ѝ зеде мерка на Висла, важен триумф за Спортинг во ЕЛ

Нема веќе непобедливи во групата на Металург во Европската лига на ЕХФ. Шпански Адемар Леон на домашен терен славеше над Висла Плок (32-27) и на полскиот претставник му го нанесе првиот пораз.

Шпанскиот тим одигра феноменално прво полувреме во кое прими само девет гола и така си го разгази патот до посакуваната победа. Висла потоа бркаше, ама ниту еднаш не спушти под четири гола негатива.

Суарез беше одличен кај победникот со десет гола, пред Хрватот Лучин со шест, додека кај Висла, Шита и Сердо погодија по пет пати.

Важна победа забележа Спортинг Лисабон на домашен терен против Кристијанштад (27-26). Португалскиот тим до полн плен го водеше Валдез со шест гола, пред идниот вардарец Дарко Ѓукиќ со пет гола од пет обида, исто толку имаше и Тиаго Роча, додека кај шведскиот тим, Ајнарсон реализира пет пати.

Најнови вести од
Европска лига