Абутовиќ столб во одбраната на Еурофарм Пелистер и следната сезона

Екипата на Еурофарм Пелистер информира дека постигна договор за продопжување на соработката со дефанзивецот Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на тимот.

Илија Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години.

Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони пред да дојде во Битола ги мина настапувајќи за Шартр.

Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата.