Абутовиќ: Никој не веруваше дека нашиот Вардар може до европскиот врв!

Илија Абутовиќ по завршувањето на ланската сезона за реши за нов предизвик во својата кариера и дресот на Вардар го замени со оној на германскиот гигант, Рајн Некар Левен. 

Големиот борец и еден од најдобрите светски дефанзивци цели седум години беше дел од македонскиот шампион, a во сезоната 2016/17 го достигна својот играчки врв и стана првак на Европа. Дека Скопје и Вардар му се во срцето тоа го потврдува и во интервјуто за специјализираниот интернет медиум за ракомет „Балкан-хендал“. 

„Тоа чувство не се опишува. Таму минав седум феноменални и неописливи години. Го засакав тој град, тие луѓето, а кога ќе влезам во таа сала, се чувствувам како да влегувам дома“, започнува Абутовиќ. 

Искусниот ракометар судбината посака уште во својата прва сезона како член на Рaјн Некар Левен да се врати во „Јане Сандански“, каде беше пречекан како голем херој.

„Што да кажам друго. Најверојатно го заслужив тој пречек. Уште еднаш им благодарам за тоа. Да бидам искрен во тој момент бев многу изненаден, не верував дека така ќе реагираат луѓето“, додаде Абутовиќ.

Во продолжение на свој начин ги опиша своите седум години минати во редовите на Вардар. 

„Речиси и никој да не веруваше дека можеме да направиме такви резултати. Во Вардар имаше здрава, добра група на луѓе, атмосферата беше одлична, стручниот штаб професионален, навистина немам лош збор за тие седум години. Во првите две кога претседател беше Михајло Михајловски беше добро, но со Сергеј клубот се издигна на високо ниво“. 

Абутовиќ доби незгодно прашање во кое требаше да ја спореди работата на поранешниот тренер Раул Гонзалез и сегашниот предводник Никола Јакобсен. 

„Тешко е да се спореди. Суштината е тоа што тука немам толку време како во Вардар на подготвување на екипата. Раул добро ја скоцка екипата, обрнуваше внимание на секој детаљ. Во Германија е поинаку. Нема многу време за славје или тага, бидејќи за два дена те чека нов натпревар“, одговори Србинот. 

Комплетното интервју на поранешниот вардарец можете да го прочитате на ОВОЈ линк.