Абутовиќ го напушта РНЛ и се сели во Франција кај селекторот Џерона

Илија Абутовиќ, некогашниот столб на одбраната на Вардар, од следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата. 

Искусниот српски репрезентативец налето ќе ја заврши својата авантура во Рајн Некар Левен и ќе се пресели во Франција. Таму ќе ги брани боите на Шартр, тим што е предводен од српскиот селектор Тони Џерона. Абутовиќ со францускиот тим потпиша договор на три години.

За 33-годишниот ракометар, Шартр ќе биде негов четврти интернационален клуб во кариерата, по Слован Љубљана, Вардар и Рајн Некар Левен.

Најголемиот дел од кариерата го мина во македонскиот шампион. Настапуваше седум сезони и освои сè што може да се освои на клупски план. Во Германија се пресели во 2018 година.