Абало нема да добие нов договор, Шпанецот Соле доаѓа во ПСЖ

Најдобриот стрелец на последното Европско првенство, Шпанецот Феран Соле е најсериозен кандидат за потпис со старо-новиот шампион на Франција, ПСЖ. Клубот објави дека нема да го продолжи договорот со репрезентативното крило Лук Абало и веќе е во потрага по замена.

Соле со успех настапува за Тулуз, го познава шампионатот и јазикот и би бил идеално засилување за екипата на Раул Гонзалез. Сепак, тој и натаму има постоечки договор со Тулуз и овој клуб нема така лесно да се откаже од неговите услуги.

Раул Гонзалез за следната сезона веќе ги обезбеди голманот Жерар, пивотменот Сипржак и крилото Гудјон Валур Сигурдсон.