• Зоран Мишевски
Официјалниот спикер соопшти дека преку 7.000 гледачи со платени билети се присутни во салата „Краков арена“ за време на мечот со Норвешка. Македонските симпатизери, „Фалангата“, но и полските фанови кои полека се собираат и групираат пред мечот со Хрватска, вечерва пеат и скандираат за наша победа.
Математиката вели дека во оваа замрсена прва група во главната групна фаза, победа на Македонија може да ѝ помогне и на Полска и на Франција. На Полска ќе ѝ даде можност уште вечерва да слави полуфинале, а на Франција в среда со каква било победа да продолжи да сонува да ја одбрани титулата. Само уште плановите на сите навивачи (македонските, полските и француските) да се исполнат и вечерва сите заедно може да се радуваат низ баровите и кафулињата во Краков.