Двеста Македонци ќе го бодрат Еурофарм во Хановер

Околу 200 Македонци од овој дел на Германија се собраа во „Свислајф Хол“ во Хановер да го бодрат македонскиот претставник во групната фаза на ЕХФ Купот, Еурофарм Работник.

Салата која има капацитет од 4.000 места се очекува да биде исполнета и домаќинот да има голема поддршка. Ова е втора сезона како Хановер игра европски натпревари и почетокот на сезоната и елиминацијата на Бенфика опоменува дека се работи за квалитетна екипа.

Битолчани ќе настапат со трите новајлии, но без болниот Пецаковски.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2