• Горан Упале

Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје ја продолжува праксата да ангажира млади македонски ракометари на кои ќе им дава шанси во шампионатот и кои во иднина треба да бидат водечка сила на тимот.
Најново име на листата е десниот бек Мартин Петровски. Се работи за 17-годишно момче, кое доаѓа од редовите на Аеродром. Петровски и Бутел потпишаа договор на три години.
Бутел по крајот на сезоната се раздели со четворица ракометари, а досега се засили со Теодор Тодески од Мулти Есенс.