Ракометарите на Вардар 1961 го забележаа третиот пораз во Лигата на шампионите, овојпат од Висла Плок со 26-32 (13-15). Се мачеа „црвено-црните“ пред одлично исполнетите трибини во СЦ „Јане Сандански“ против гранитната одбрана на полскиот тим која на крајот направи разлика. Вардар од стартот бркаше негатива, на моменти приоѓаше и до „минус два“, но не успеа да го направи последниот потребен исчекор за целосен егал.