• Сашо Поповски
Жизел Бундхен, еден од најпознатите модели во светот, не ја прекина традицијата и покрај поразот на својот сопруг, Том Брејди во Супер Боул 52 против Филаделфија. Атрактивната Бразилка сподели емотивна фотографија на Инстаграм на која го прегрнува квотербекот на Њу Ингланд, а воедно и не заборави да испрати честитки до победничката екипа.
Ова беше трет пораз за Брејди во финалните натпревари на НФЛ, но и покрај тоа тој планира да ја продолжи кариерата, иако во август ќе наполни 41 година.