Време е за нов спектакл, ноќва се игра 57. Супербоул

Ноќва, поточно половина час по полноќ (00:30), ќе се одржи финалето на НФЛ лигата, односно 57. Супербоул. Аризона ќе биде домаќин на овој спектакл, во кој силите ќе ги одмерат Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс. 

Ова ќе биде првиот Супербоул во кој на двете страни има двајца браќа, Тревис и Џејсон Келси. Се очекува интересна пресметка на двајцата квотербека, Патрик Махомс и Џејлен Хрст. Мал проблем за Чифси е повредата која ја влече најдобриот играч, па мечот може во голема мера да зависи од него. Од друга страна, Хрст го игра својот прв Супербоул во кариерата и за нијанса пониско искуство. 

Филаделфија Иглси важат за благ фаворит на пресметката која ќе се одигра на „Стејт Фарм Стадион“ во Аризона, меѓутоа и Канзас Сити Чифси имаат свои силни адути.

Секако, како и на претходните, така и на овој Супербоул се подготвува спектакл на полувремето, каде што главна ѕвезда се очекува да биде Ријана, како и останати гости.