ВИДЕО: Спектакуларен пречек на новиот НФЛ шампион во Денвер

За НФЛ шампионот Денвер Бронкс, градските власти организираа спектакуларен дочек на новите шампиони. Рагбистите на Денвер пред два дена во финалето на 50. Супербоул ја совладаа екипата на Каролина Пантерс со 24-10 и го освоија својот трет шампионски трофеј.

На пречекот имаше над еден милион луѓе, а самиот град Денвер има нешто повеќе од 660.000 жители. Американските медиуми пренесоа дека на улиците низ Денвер се одвивала права „портокалева“ журка, алудирајќи на боите на новиот шампион. На претходниот пречек, кога го освоија НФЛ шампионатот во 1998 година, присуствувале 650.000 луѓе, а една година подоцна по втората титула во серија „само“ 375.000 фанови.

Како изгледаше низ улиците на Денвер погледнете во следното видео: