ВИДЕО: Лејди Гага импресионираше при интонирањето на химната

Спектаклот пред мечот и на полувремето на Супербоулот подеднакво се коментира како и самиот натпреварот. Американските музички ѕвезди ја подгреаја атмосферата, а и самите многу добро се забавуваа.

Лејди Гага ја интонираше американската химна, а веќе почнаа споредбите колку успешно тоа го направи. Забавата на полувремето беше потполна, па по социјалните мрежи и натаму се говори за изведбите на Колдплеј, Бијонсе и Бруно Марс.

Американската забава дефинитивно го положи тестот, а јубилејното 50. издание на Супербоулот ќе биде топ-тема и денес низ светските кулоари.