ВИДЕО: Ужасна повреда на квотербекот на Мајами, итно заврши во болница

Мајами

Дуелот меѓу Мајами Долфинс и Синсинати Бенгалс донесе брутални сцени. При еден старт на противнички играч, настрана квотербекот на тимот од Флорида, Туа Таговаилоа.

24-годишникот беше соборен на теренот, а при падот доживеа незгоден удар. Веднаш беше пренесен во болница, каде му беа утврдени повреди на вратот и главата.

Американските медиуми веднаш по крајот на натпреварот објавија дека Таговаилоа бил пуштен од болница истата вечер и отпатувал за Мајами заедно со тимот.