Ужас во САД: Четири лица тешко повредени во пукање на фудбалски меч (ВИДЕО)

Ужасни и шокантни вести доаѓаат од Соединетите Американски Држави. На натпревар од средношколска лига во американски фудбал, се случил инцидент во кој четири лица се ранети од огнено оружје!

Немилите сцени се случиле во третата четвртина, кога започнало пукањето од едно или повеќе лица, кое резултирало со тешки телесни повреди кај четворица од присутните. Полицајците во гратчето Кохто, во околината на Оклахома, добиле итен повик и веднаш реагирале, по што брзо реагирале и веднаш го опколиле стадионот, изјавила Кели Маршал, портпарол на полициските служби во градот. 

Од видеото се гледа дека на стадионот завладеала општа паника и сите присутни на теренот бегаа во обид да ги заштитат своите и животите на сите останати. Не е познато дали се работи за пресметка помеѓу улични банди, но полицијата потврди дека еден од ранетите е средношколец на возраст од 17 години. Состојбата на другите тројца повредени сѐ уште не е позната, но се шпекулира дека и тие се во тешка состојба.  Јавноста е во огромен шок и бара најстроги казни за учесниците во овој ужасен настан. 

Дел од медиумите објавија дека пукало само едно лице, но не е исклучена можноста биле вмешани повеќе луѓе. Полицијата веднаш започна сериозна истрага и првите конкретни информации се очекуваат многу наскоро.