• Зоран Мишевски

Американските медиуми објавија дека во трагичен настан во Тампа синоќа загина НФЛ ѕвездата, Реше Колдвел. Поранешниот соиграч на Том Брејди во Њу Ингланс убиен е на 41-годишна возраст. Рагбистот налетал на група која се обидела да го ограби, а потоа го застрелала.
Колдвел имал проблеми со законот и во минатото, па доби и условна казна поради продавање наркотици. Беше гонет и за финансиска измама, но не го дочека судењето и пресудата.
Во својата кариера, КОлдвел настапуваше за Њу Ингланд, Сан Диего, Вашингтон и Сент Луис.
Американската НФЛ публика е шокирана од смртта на еден од најкултните рагбисти во последните две децении.