Трамп се закани со драконски казни за НФЛ играчите кои нема да ја почитуваат химната

НФЛ лига

Минатата сезона во НФЛ лигата беше одбележана со тивкиот протест на играчите против полициското насилство во САД.

Во повеќе наврати можеше да се забележи како неколку играчи клекнуваат на колено додека се интонира американската химна. Претседателот Доналд Трамп во пресрет на новата сезона се закани со драконски казни и побара поддршка од страна на комесарот на лигата.

„Нели договорот на играчите гласи дека тие мора да стојат мирно со раката на срцето додека се интонира американската химна? Па, првиот пат кога ќе клекнеш на едно колено, суспензија од еден натпревар. вториот пат, суспензија за цела сезона, без плата“ , напиша Трамп на Твитер.

НФЛ им препорача на играчите да останат во соблекувална доколку не сакаат да стојат за време на химната.