• Иван Димовски
Талентираната поранешна колеџ рагби ѕвезда Кајрен Лејси извршил самоубиство. Младиот спортист беше под истрага за убиство поради сообраќајна несреќа минатиот декември во Луизијана.
Оваа несреќа ја засени неговата потенцијална НФЛ кариера, тој блескаше играјќи за Универзитетот ЛСУ, а потоа имаше пад. Наводно пред несреќата Лејси возел ризично брзо и претекнувал во забранета зона, а во спротивен правец наишол автомобил кој за да го избегне завршил со друг возач. Во несреќата настрада 78-годишник, а во полицискиот извештаи стои дека Лејси побегнал од местото. Поради тоа беше отворено обвнинение за убиство од небрежност и бегство од место на несреќа.
Во саботата полицијата во Тексас добила повик од членка на семејството на Лејси, велејќи дека тој пукнал со пиштол во земја по вербална расправија. По доаѓањето полицијата не го затекнала поранешниот спортист кој веќе побегнал со возилото.
Во потерата Кајрен Лејси несакајќи да се соочи со последиците се самоубил возејќи со пиштолот кој го имал во себе. 24-годишникот веднаш бил прогласен за мртов, бидејќи полицијата не пронашла траги на живот.