Трагедија во САД: Поранешната НФЛ ѕвезда се обеси во затвор

Арон Хернандез

Поранешниот член на екипата на Њу Ингланд Петриотс, Арон Хернандез утрово е пронајден мртов во својата ќелија во затворот „Соуза Барановски“ во Масачусетс.

Тој ја служеше четвртата година од доживотната затворска казна поради убиството на Один Лојд, поранешен рагбист во НФЛ. Хернандез не ја призна вината по апсењето во 2013 година, но сепак на крај беше осуден без можност за помилување.

Њу Ингланд го раскина договорот со него само час и половина од неговото апсење, а фановите добија можност бесплатно да ги заменат дресовите со неговото име со други дресови.