Трагедија во НФЛ, во сообраќајка почина млад квотербек

Трагични вести го погодија рагби светот во Соединетите Американски Држави. НФЛ играчот, Џеф Гледни почина на само 25-годишна возраст. 

Квотербекот на Аризона Кардиналс почина во сообраќајна несреќа во Далас, при засега непознати околности. Оваа информација ја потврди и клубот во кој Гледни требаше да заигра во новата сезона. 

Инаку, Гледни беше 31-ви пик на драфтот во 2020 година од страна ан Минесота Вајкингс. Сепак, квотербекот заработи отказ од клубот поради обвиненија за семејно насилство, а во наредната сезона требаше да започне авантура во Аризона.