Трагедија во НФЛ: Квотербек на Питсбург почина откако го прегази камион

Рагби светот во Соединетите Американски Држави беше потресен, откако квотербекот на Питсбург Стилерс, Двејн Хаскинс го загуби животот на само 24-годишна возраст. 

Поранешниот петнаесетти пик на драфтот во НФЛ трагично почина, откако бил прегазен од камион за ѓубре. Несреќата се случила на автопат во јужна Флорида, а Хаскинс се обидел да ги премине лентите, но за жал заврши кобно. 

За оваа несреќа се обрати и тренерот на Питсбург Стилерс преку социјалните мрежи.

„Скршен сум, немам зборови за несреќата во која почина Двејн Хаскинс. Бргу стана дел од фамилијата на Стилерси по доаѓањето во Питсбург, беше еден од играчите кои најмногу работеа на теренот и надвор од него. Двејн беше неверојатен соиграч, но многу подобар пријател за многумина, моето срце е скрешено. 

Нашите мисли се со неговата сопруга, Калабриа и целото семејство во тешките моменти“, се обрати Мајк Томлин. 

Хаскинс со својот тим Питсбург присуствувал на тренинзи во Флорида, но по заминувањето дојде до големата трагедија. Младиот квотербек се истакна со неверојатната сезона во 2018 година, играјќи за Охајо Стејт, по што беше одбран од Вашингтон Редскинс, а минатата сезона направи трансфер во Питсбург.