• Иван Димовски
Американскиот фудбал е во шок откако вајд рисиверот на Минесота, Рондејл Мур беше почина на само 26 години.
Мур бил пронајден мртов во својот дом во саботата. Според досегашните информации од истрагата, не постојат индиции за убиство или насилна смрт. Причините за смртта ќе ги даде обдукцијата која треба да го утврди точниот причинител на трагичниот исход.
НФЛ изрази длабока тага поради трагичната вест и упати сочувство до семејството, пријателите и поранешните соиграчи на младиот фудбалер, кој пет години беше дел од лигата.
Мур беше избран во втората рунда на драфтот во 2021 година од Аризона Кардиналс, каде мина три сезони. Во 2024 година беше трејдуван во Атланта Фалконс, а последниот договор го потпиша со Минесота Вајкингс. Сепак, сериозните повреди на коленото го оддалечија од терените и тој пропушти две последователни сезони, по што следуваше и трагичната вест која го потресе спортскиот свет.