• Горан Упале
Воочи стартот на еден од најголемите спортски спектакли оваа година, Суперболoт, пристигна тажна вест, откако се обелодени дека ѕвездата на Индијанополис Колтс, Едвин Џексон, загинал во сообраќајна несреќа.
27-годишниот спортист заедно со уште една личност беа удрени од несовесен возач, кој возел под дејство на алкохол и немал ниту возачка дозвола. Покрај Џексон, настрада и другата личност, а благодарение на брзата полициска интервенција пијаниот возач беше брзо фатен.
„Сите го обожаваа Едвин. Беше вистински спортист, професионалец и голема личност. Носеше радост и смеа во нашиот тим“, на официјалната интернет страница Индијанополис Колтс се збогува од својот член.
Според наводите на полицијата Алекс Гонзалез бил човекот кој удрил со своето возило во Џексон.