• Сашо Поповски

Екипата на Тотенхем размислува да се кандидира за домаќинство на Супербоул натпреварот во 2026 година.
Американската НФЛ лига гостувала во Лондон на стадионот на „петлите“. Тоа е доволен показател дека овој спектакл би можел за првпат во историјата да се организира преку океанот. Премиерлигашот има десетгодишен договор со НФЛ, кој му носи организација на два натпревари од регуларниот дел секоја сезона. Но, сигурно дека далеку поголем предизвик би било домаќинството на најгледаниот спортски настан во Соединетите Американски Држави.
Овогодишното финале ќе се одигра во Лос Анџелес, наредната сезона домаќин ќе биде Аризона, за две години финалистите ќе патуваат за Лас Вегас, а за мечот во 2025 година домаќинството му е доделено на Њу Орлеанс.
Се чини дека најголемата пречка за амбициите на Тотенхем ќе биде временската зона во Лондон, која ќе биде проблем за американските фанови.